Поволни кредити за подобра енергетска ефикасност

Bez autora
Jun 05 2011

Енергетската ефикасност во земјава следниве неколку години треба под итно да се зголеми. Македонските компании, пак, се жалат дека не се доволно запознаени какви поволности им нудат банките и со какви кредитни линии располагаат, за да се развие овој сектор. Според нив, финансирање во енергетска ефикасност во градежништвото е значаен фактор за заштеда на скапата енергија од која Македонија е увозно зависна. Во оваа насока се дискутираше на вчерашната тркалезна маса "Финансиски инструменти за финансирање на енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија" каде беа присутни претставници на финансиски институции, како што се локални комерцијални банки, штедилници, канцеларии на меѓународните финансиски институции - ЕБРД и ИФЦ.

Поволни кредити за подобра енергетска ефикасностЕнергетската ефикасност во земјава следниве неколку години треба под итно да се зголеми. Македонските компании, пак, се жалат дека не се доволно запознаени какви поволности им нудат банките и со какви кредитни линии располагаат, за да се развие овој сектор.

Според нив, финансирање во енергетска ефикасност во градежништвото е значаен фактор за заштеда на скапата енергија од која Македонија е увозно зависна.

Во оваа насока се дискутираше на вчерашната тркалезна маса "Финансиски инструменти за финансирање на енергетска ефикасност во градежниот сектор во Македонија" каде беа присутни претставници на финансиски институции, како што се локални комерцијални банки, штедилници, канцеларии на меѓународните финансиски институции - ЕБРД и ИФЦ

Претставниците DG Enlargment што го водат проектот EUbuild за енергетска ефикасност, му укажаа на банкарскиот сектор во земјава дека треба да ги намалат каматите и да го зголемат периодот на отплата на кредити. Според нив, земјава, како и земјите на ЕУ до 2020 година треба да ја намалат потрошувачката на енергија за 20 отсто, а тоа ќе им го овозможат мерките што ќе ги донесат преку воведувањето на енергетска ефикасност.

Според професорката Македонка Димитрова, државата и локалните банки треба да се усогласат околу евентуалното субвенционирање.

- Државата треба да преземе дел од ризикот за да во следните неколку години се овозможат кредитни линии што ќе донесат зголемување на енергетската ефикасност - вели Димитрова.

Дека има интерес од страна на компаниите за кредитирање, потврдуваат и банкарите, но тие сметаат дека треба да се обезбедат дополнителни информации. Заштедите од инвестирањето во енергетската ефикасност се големи и во поголемиот број на случаи исплатливи.

- Каматна стапка е околу седум отсто, а добивањето на овие кредити зависи и од оценката на фирмата, нејзиниот бонитет, како и намената на кредитот - објасни Соња Тасеска од ИК банка од Дирекцијата за кредитни линии.

Во поголемиот дел од европските земји каматната стапка за овој вид на кредит изнесува околу пет отсто, а во САД таа е три проценти. Локален партнер и реализатор на проектот во Македонија е Центарот за енергетска ефикасност на Македонија - МАЦЕФ.

Ocenite tekst
Komentari
Prikaži više 
 Prikaži manje
Ostavite komentar

Prijavite se na Vaš nalog


Zaboravili ste lozinku?

Nov korisnik